Во Вишеград отворен „Андриќград“

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, српскиот премиер Александар Вучиќ и режисерот Емир Кустурица денеска во босанскиот град Вишеград свечено го предадоа во употреба Културно-историскиот центар „Андриќград“.

Центарот е изграден по идеја на Костурица во чест на нобеловецот Иво Андриќ.
– Потребен ни е мир и ние го сакаме. Сакаме да бидеме дел од цивилизирана Европа, но несакаме Европа да ни ги наметнува босанската држава и јазик, изјави Додик во обраќањето на свечената церемонија.

Тој нагласи дека Босна и Херцеговина покажала оти „не е способна да опстои“, но, како што рече, „за тоа ќе зборува другпат“.

Вучиќ од своја страна нагласи дека Србија ги почитува сите. – Можеме да се развиваме и да напредуваме само во мир. Никому не посакуваме никакво зло, потенцира српскиот премиер.

Кустурица пак потенцира дека „Андриќград“ ќе биде „лекција за тоа како се брани идентитетот“.

– Европа нема градови посветени на нобеловците, а потребата на Србите да изградат таков град веројатно произлегува од тоа што колонизаторите не оставиле културна трага на овие територии, потенцира Кустурица.

По свеченото отворање на „Андриќград“, во Центарот се одржа и церемонија по повод стогодишнината од атентатот на Гаврило Принцип врз австрискиот надвојвода Франц Фердинанд во Сараево во 1914 година, што беше повод за отпочнување на Првата светска војна.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници