Француски филозоф иницира петиција за прием на БиХ во ЕУ

Од:

Француксиот филозоф Бернар-Анри Леви денеска најави дека започнува кампања за собирање еден милион потписи на петицијата за итно отпочнување преговори за членство на Босна и Херцеговина во ЕУ.

Како што јави Хина, Леви денеска престојува во Сараево, каде присуствуваше на одбележувањето на стогодишнината од убиството на австрискиот надвојвода Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, што беше повод за отпочнување на Првата светска војна.

Леви изјави дека за вакавта иницијатива ги информирал и францускиот претседател Франсоа Оланд и шефот на дипломатијата Лоран Фабиус и дека Франција е подготвена „целосно да ја поддржи неговата идеја“.

Тој вели дека не очекува брз прием на БиХ во ЕУ, но дека земјата може веднаш да добие статус на земја-кандидат за членство во Унијата.

– БиХ е заложник на непрактичните одредби на Дејтонскиот миорвен договор, што го изработи меѓународната заедница – САД и водечките европски земји, нагласи Леви.

Петицијата е насловена „Еден милион потписи за влез на Босна и Херцеговина во ЕУ“ и секој заинтересиран може да ја потпише он-лајн.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници