Нов круг мировни преговори во Доњецк

Од:

Проруските сепаратистички лидери и посредниците на Владата во Киев денеска во Доњецк почнаа нови консултации за прекин на огнот во источниот дел на Украина.

Сепаратистите преговараат со така наречената контакт група, во која се поранешниот украински претседател Леонид Кучма, рускиот амбасадор во Киев и претсатвници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Првиот круг од прерговорите беше во понеделникот и заврши со согласноста на сепаратистите за почитување на примирјето, што денеска истече.

Резултатите од вториот круг преговори ќе бидат објавени во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Новогородовка во Доњецк

Русија зазеде уште едно важно место во Доњецк

(ВИДЕО) Гранатиран трговски центар во близина на Доњецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Доњецк: Најмалку две жртви, четворица ранети во украински ракетен напад

А1он

Началникот на руската војска: Фокусот на Москва е „ослободувањето“ на украински Доњецк

А1он

Снимка од нападот на окупираниот Доњецк

А1он