Романскиот претседател Трајан Басеску треба да плати казна од 600 леи (околуи 137 евра) поради расистички изјави откако го загуби процесот против Националниот совет за борба со дискриминацијата.
На 10 февруари Советото го казни со 600 леи шефот на државата заради дискриминација на ромската заедница во врска со неговата изјава во Љубљана каде тој за ромските номади кажа дека „многу од нив традиционално живеат од кражби“.
Претседателот се жалеше на одлуката на Советот за денеска таа беше отфрлена од Апелациониот суд во Букурешт. Одлуката на Судот меѓутоа не е конечна и може да биде обжалена пред Врховниот Касациски суд.