Турчинов: Порошенко веројатно ќе го продолжи примирјето во Украина, откако ќе се врати од Брисел

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко веројатно ќе даде изјава за продолжување на примирјето во источниот дел на земјата по своето враќање од Брисел, соопшти претседателот на Врховната Рада Олександар Турчинов, цитиран од ИТАР-ТАСС.

-Денеска е многу важен ден за Украина, потпишана е спогодбата за асоцирање со Европската унија. Денеска претседателот ќе соопшти какви се натамошните активности, изјави Турчинов.

Тој изрази жалење што проруските сепаратисти не го послушаа предлогот на украинските власти за предавање на оружјето и што натаму продолжуваат со нападите.

Претходно Порошенко изјави дека е можно да се примени план „Б“, во случај сепаратистите да продолжат со борбените дествија. Украинското раководство не соопшти каков е тој резервен план.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми