Морков за вистински бронзен тен

Од:

Она на што асоцира летото е секако и совршен бронзен тен кој секоја жена помалку или повеќе го посакува и со кој би ја надополнила својата убавина во топлите летни денови.

Постојат бројни препарати со кои можете да ги прикриете евентуалните недостатоци на кожата. Но, не заборавајте дека постојат и многу природни производи кои допринесуваат за убав изглед на вашата кожа и го изедначуваат тенот. Секако за тоа се најмногу заслужни овошјето и зеленчукот, особено оние со интензивни бои, од кои се издвојуваат морковот и сливата, а токму овие овошја му даваат потемна боја на тенот.

Мороковот е најделотворен кога станува збор на убав тен. Тој е богат со бета-каротин и витамин А, кои го поттикнуваат создавањето на меланинот кој влијае на потемнувањето на кожата.

Овој зеленчук е погоден бидејќи може да се однесе и на плажа. Бета каротинот е широко распространет растителен пигмент, кој не се наоѓа само во моровот, туку го има во многу видови овошје и зеленчук во сите нијанси на жолта и портокалова, па сé до темно зелена боја (јаболко, диња, круша, спанаќ).

Бета каротинот се нарекува и „природен чадор за сонце“

Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси и исклучиво се наоѓа во растенијата. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат при сончањето.

Голем број студии покажале дека бета каротинот заштитува од акутни и хронични кожни оштетувања, предизвикани од изложеност на сонце. Бета каротинот, според истражувањата, го намалува оштетувањето на ДНК молекулите, па на тој начин го спречува и развојот на дегенеративните болести.

Направете си пијалак на база на моркови и добијте совршен тен!

Исечете на ситни парчиња еден килограм моркови, четири излупени портокали и 1 китка копар.

Сето тоа ставете го во соковник за да добиете густ сок. Во сокот ставете малку мелени бадеми и послужете го во чаши со коцки мраз.

Со овој сок кој е чудотворен, лесно ќе го постигнете посакуваниот бронзен тен. Овој микс е концентрат на каротин кој го стимулира производството на меланин и ја штити кожата од предвремено стареење.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ