Американската компанија „Гугл“ на годишната конференција во Сан Франциско претстави голем број нови производи.
Пред околу 6.000 посетители, компанијата ги претстави Андроид Ауто, Андроид ТВ, новиот Андроид за смартфони и голем број апликации.
Андроид Ауто е оперативен систем прилагоден за возила. Тој овозможува користење на голем број апликации преку гласовни команди или од управувачот на возилото. Системот ќе биде достапен до крајот на годината.
Андроид ТВ е наменет за паметни телевизори и овозможува контрола преку гласовни команди, смартфон или паметен часовник. Тој содржи апликации како Нетфликс, иХартРадио и Еат24.
Претставени се 11 нови апликации за „паметни очила“ Гугл Гласс, како што се Дуолинго, Рантастик, Гардијан, Зомбиес, Старт Чарт, Сезам, Лајвстрим и друго.