Изминатата сабота во Прага беше изградена највисоката кула од Лего коцки на светот.
Кулата, висока дури 32,5 метри, беше градена три дена, а последната коцкичка на врвот ја стави чешката освојувачка на златната медаља на Олимписките игри во Лондон, веслачката Мирослава Кнапкова.
Ова кула од претходниот поседувач на рекордот, поставен во Леголенд во Виндзор, е повисока за 30 сантиметри, а во неа се вградени повеќе од половина милион коцки.