Во БиХ учеството во вооружени судири во странство е кривично дело

Од:

Учеството на државјаните на Босна и Херцеговина во вооружени судири во странство од денеска и официјално е кривично дело за кое следи затворска казна од десет години.

Измените на Законот, со кој се санкционира учеството во судирите во странство на страна на воени, паравоени или параполициски единици стапи во сила откако на 17 јуни беа изгласани од Парламентот на БиХ.

Повод за законските измени е фактот што десетици граѓани на БиХ учествуваа во борбите во Сирија во редовите на екстремистичките исламистички организации.

„Дневни аваз“ објави дека се регистрирани најмалку 80 граѓани учесници во сириската војна. Се претпоставува дека дваесетина загинале, додека 40 се вратени во БиХ.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници