Американскиот претседател Барак Обама синоќа го предложи генерал Џон Кембел за командант на Меѓународните сили за поддршка на мирот во Авганистан.
Генерал Кембел во моментот е прв заменик началник на Штабот на армијата и ќе ја преземе функцијата ако Сенатот ја одобри кандидатурата.
Во периодот 2010-2011 генерал Кембел бил командант на воено-воздушна дивизија на САД во источен Авганистан. Тој ќе го замени на функцијата генерал Џо Данфорд, во момент кога ИСАФ е во засилена подготовка пред повлекувањето на главниот дел од контигентот од Авганистан до крајот на годината. Во моментот ИСАФ има 52.000 војници од кои 32.000 Американци.