Апелацискиот суд во Букурешт денеска одлучи да ја продолжи затворската казна на пораншениот романски премиер Адријан Настасе поради земање поткуп, од сегашните четири години на четири години и шест месеци.
Настасе се наоѓа во затвор од почетокот на годината, кога беше осуден под обвинение дека во времето кога ја извршувал премиерската функција, од 2002 до 2004 година, примил мито во износ од околу 630 илјади евра.
Обвинителството се жалеше на ваквата пресуда до Апелацискиот суд, кој денеска реши да ја продолжи затворската казана на Настасе за уште шест месеци. Одлуката на Апелацискиот суд е конечна и без право на жалба.
Во март минатата година Настасе беше пуштен од затвор откако ја отслужи двегодишната затворска казна поради незаконско финансирање на неговата кампања за претседателските избори во 2004 година.