Седум украински војници загинаа во синоќешните борби

Од:

Седуммина украински војници загинаа во синоќешните борби во источниот дел од земјата, соопшти денеска портпаролот на киевските безбедносни сили, кој тврди дека се убиени и 300 проруски сепаратисти.

Судирите на проруските сепаратистички и на украинските сили продолжуваат втор ден по ред и покрај најавата на украинскиот претседател Петро Порошенко дека наскоро ќе прогласи едностран прекин на огнот.

Владислав Селезнов, портпарол на украинските сили на истокот, истакна дека од вчера седум војници се убиени и 30 повредени кај селото Јампил, во областа Доњецк, а  убиени се и 300 припадници на проруските сили, но таа информација се уште не е потврдена.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази загриженост поради насилството на украинската војска, додека НАТО соопшти дека Русија ги зајакнува своите сили покрај украинската граница.

Путин и Порошенко вчера телефонски разговараа околу деталите на мировниот план, а од кабинетот на украинскиот претседател е соопштено дека тој побарал итно воведување на ефикасна контрола на границата и да се ослободат заложниците.

ОН соопштија дека 356 луѓе, вклучувајќи 257 цивили, се убиени од 7 мај досега во источниот дел на Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми