Десетици куќи се поплавени како последица на поројните дождови што во последните 12 часа го зафатија округот Констанца во Романија, каде на некои места наврнале над 90 литри на метар квадратен.
Поплавени се и земјоделски површини, а причинета е штета на патната инфраструктура во округот.
До 20 часот денеска за Констанца важи предупредувањето за зголемена опасност од поплави, бидејќи се очекуваат поројни дождови, засилен ветер и на места град.