„Баскерфест“ во Прилеп

Од:

Прилеп вечер и утре е домаќин на „Баскерфест“, единствениот уличен фестивал во државава кој се одржа во Скопје, информираат од локалната самоуправа.

Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, прилепчани ќе имаат можност да ги проследат настапите на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ со почеток од 20 часот.

– Ова е втора година како овој атрактивен фестивал се одржува во Прилеп. И овие две вечери прилепчани ќе може да уживаат во жонглирањето со оган, во магионичарските трикови, да гледаат брејкденсери од САД, изјави Ристески.

Најавено е и присуството на удирачката сензација „Барбароса самба груп“ од Романија и Колумбијката Каролина.

Би можело да ве интересира

Денеска започнува Баскерфест

Ана Ололовска

Наредните два дена „Баскерфест 2018“ на Градскиот плоштад во Охрид

Ана Ололовска

Баскерфест караванот започнува од Охрид

Ана Ололовска

13-то издание на фестивал со улични изведувачи-Баскерфест 2018

Ана Ололовска

Во Велес заврши петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска

Во Велес започна петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска