Романскиот премиер, Виктор Понта го повика претседателот на државата Трајан Басеску да поднесе оставка, поради апсењето на неговиот брат Мирче, кој што е осомничен за давање и примање мито на еден од шефовите на подземјето.
-Обвинетиот Басеску во период од 2011 и 2012 година примил мито од Флорин Ангел преку посредник, за ветување дека ќе интервенира кај судијата кој го водел случајот на неговиот татко и дека би издејствувал поблага казна или ослободување од затвор, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Инаку Мирче Басеску е приведен, откако Флорин Ангел, синот на мафијашкиот бос Санду Ангел, кој поради убиство е осуден на осум години затвор, поднел пријава против него.
Е. Г.