Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска најави оти утре ќе го претстави мировниот план за излез од кризата во источните реони на земјата.
Порошонко денеска го претстави новиот јавен обвинител Виталиј Јарема, чија кандидатура денеска беше одобрена од украинскиот Парламент. Претседателот го задолжи Јарема да поведе „решителна борба“ против корупцијата, како и да ги заштитува човековите права.
– Порошенко се надева дека предвремените избори за Врховната рада ќе се одржат на есен, изјави пратеничката Ирина Герашченко, претседателски претставник за кризата во Доњецката и во Луганската Област.