10 години подоцна – добила писмо од сопругот заробен во кулите близначки

Од:

84 спрат, заробени сме 12 луѓе. Ова било последното писмо кое Ренди Скот го напишал во последните моменти од својот живот.

Во повеќе од една декада, неговата сопруга Дениз Скот, сакала да верува дека нејзиниот сопруг починал во истиот момент кога авионот на United Airlines се удрил во Светскиот трговски центар на 11 септември 2011-тата година. Но минатата година таа добила телефонски повик – пронајдена е белешка со ракописот на нејзиниот сопруг и со дамка од неговата крв во која стои : 84 спрат, западна страна , заробени 12 луѓе.

Ливчето летнало надвор од зградата, само моменти пред таа да се сруши. И сега тоа е страшен сведок дека Ренди, татко на три ќерки и сопруг бил жив за цело време додека пред него се одвивал хорор.

„Поминав десет години во надеж дека мојот сопруг не бил заробен во таа зграда, дека умрел веднаш по ударот и дека не ги преживувал сите тие страшни моменти“ – раскажала неговата сопруга.

„Не сакав да стрда, не сакав да остане заробен во зграда која гори, не сакав да биде сведок на тој незапаметен хорор“ – раскажала низ солзи вдовицата Скот.

48-годишниот Ренди работел како брокер во светскиот трговски центар. Тој и телефонирал на својата сопруга, дека во една од кулите близначки се удрил авион. Но ја уверувал дека не е ништо страшно.

По десет години од страшниот настан, минатата година Денис добила повик од докотор Барбара Бучер од форензичкиот одел од Њујорк.

Пораката на улицата ја пронашол шефот на обезбедување на Федралната Банка, во мометот кога го подигнал своето радио да алармира за помош, кулите се срушиле.

Денис раскажала, не ми требаше ДНК на дамката од крв да ми докаже, веднаш штом го видов ракописот знаев дека тоа го има напишано мојот сопруг.

Би можело да ве интересира

Божиќен хаос во САД: „Американ ерлајнс“ денеска ги приземји сите свои авиони

Бил Клинтон ја напушти болницата со дијагноза на грип

Горан Наумовски

Трамп сака да ги заштити Американците од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“

Горан Наумовски

Пијан возач влетал во трговски центар во САД и повредил пет лица

Стигна предупредување за Трамп: Иран може да направи нуклеарна бомба

Горан Наумовски

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он