Жестоки борби во источна Украина, 70 војници се ранети

Од:

Во источна Украина во тек се жестоки борби меѓу украинските и проруските сили „какви до сега немало ниту по сила, ниту по размер“, изјавија украински воени извори, јави Танјуг.

Според истите извори постојат информации дека двете страни во борбите вклучиле тенкови.

Жестоките судири избија рано изутрината во близината на градот Красни Лиман, кој е под контрола на украинските власти од почетокот на јуни, а проруските сили наводно се обиделе да го пробијат кродонот на владините сили.

– Во тек е голем судир, кој надминува во смисла силата и размерот, се што досега е видено, изјави воен извор.

Според тој извор  во судирите учествуваат до четири илјади припадници на проруските сили, а на двете страни најверојатно се ангажирани оклопни возила и тенкови.

– Антитерористичката операција продолжуваат и борбите траат, потврди потпаролот на Владата, Владислав Селезњов.

Регионалниот воен клинички центар во Одеса, еден од најголемите грдови во Украина е полн со украински војници ранети во регионот на Луганск и Доњецк во источниот дел на земјата.

– Имаме 70 војници и офицери, а половина од нив се во тешка состојба, изјави вчера раководителот на клиничкиот центар.

– Доколку продолжат да носат голем број ранети, клиничкиот центар нема да има доволно места за нив и ќе мораме да ги сместиме во цивилните болници, додаде болнички претставник, јави ИТАР-ТАСС.

Во меѓувреме Православниот храм „Воскресение Христово“ во источноукраинскиот град Славјанск беше нападнат денеска од војските на Владата во Киев, при што едно лице е убиено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми