Големото влијание на црквата во Украина

Од:

На тешката криза во земјата, која очигледно уште долго нема да биде решена, Црквата во Украина одговори со молитви за мир и повик за помирување. Добриот имиџ ги јакне симпатиите кај граѓаните.

Во текот на масовните протести на Плоштадот на независноста во Киев, Црквата доби самодоверба и го зголеми угледот меѓу населението. Од бината од декември до февруари на демонстрантите им се обраќаа црковните лидери од многу конфесии. Ги охрабруваа и се молеа заедно со нив, дури и навечер кога полицијата сакаше да ги растера демонстрантите од Мајдан.

Меѓутоа, сега изгледа дека Црквата е немоќна кога станува збор за ескалација на насилствата на источниот дел од земјата. Црквата не се осудува да биде посредник меѓу бунтовниците и владата во Киев.

Една институција со позитивен имиџ

Според меѓународната статистика, Украина е најрелигиозна држава во Европа. Социологот Андриј Биценко од киевскиот центар Расумков вели дека во последните неколку месеци религијата меѓу населението станала уште пополурана.

Со оглед на кризата низ која земјата моментно поминува, се повеќе луѓе се свртуваат кон Бога, бидејќи за себе не гледаат друг пат.

Верските симболи на барикадите во Украина

Во едно од последните истражувања на јавното мислење, три четвртини од украинските граѓани се изјасниле дека се верници. Лани биле 10 отсто помалку.

Биценко вели дека Црквата е единствена институција во земјата која има позитивен имиџ. Речиси две третини Украинци веруваат во Црквата.

Многумина исто така веруваат дека Црквата има многу важна улога во општеството, а се надеваат и дека таа ќе даде голем придонес во постигнување на мир во земјата.

Повеќекратно верско опкружување

Речиси во ниту една друга земја во светот верското опкружување не е толку шаренолико како во Украина. Постојат две големи Православни цркви. Едната е подредена на руската Патријаршија, а другата својот центар на моќ го има во Киев.

Теолошки двете цркви се идентични. Единствено поради што спорат со години е нивната борба за влијание во земјата.

Дури, 70 отсто Украинци се изјаснуваат како православни. Само на западниот дел од земјата доминира унијатската или грко-католичка црква, која е подредена на папата во Рим.

Верските лидери во земјата од септември лани се залагаат за приближување на Украина кон Европската унија. Врховните поглавари на сите верски заедници во земјата во заеднична порака се изјаснија за независна држава во кругот на слободните европски народи.

Црквите оваа зима на Мајдан ги поддржуваа протестите и се залагаа за човекови права, граѓански слободи и борба против корупцијата. На Мајдан беше подигнат шатор во кој се одржуваа молитви, а духовните лидери на бина одржуваа богослужби.

Дојче веле – Берлин

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми