Во БиХ приведени 54 луѓе осомничени за даночни и царински злоупотреби

Од:

Босанските обвинители соопштија дека полицијата привела 54 луѓе меѓу кои 30 цариници и даночни службеници под сомнение за корупција и организиран криминал.

Властите наведуваат дека групата ја оштетила државата за околу милијарда долари од царински давачки за увоз на автомобили и текстил. Тоа е најголемата акција против корупцијата и финансискиот криминал откако БиХ е независна држава.

Портпаролот на Обвинителството, Борис Грубешиќ изјави дека поранешниот директор на Управата за приходи е меѓу приведените. Тој додаде дека осомничените веројатно присвоиле милиони од нелегална дејност и оти се испитува можноста да им се конфискува имотот.

– Само царинските злоупотреби причиниле загуби од околу 1,4 милијарди долари на босанскиот буџет за периодот 2006-2010 година, изјави Миро Џакула, шеф на Управата за приходи на прес конференција. Еден од приведените е и негов помошник.

Сумата е речиси 10 отсто од БДП на државата. Џакула додаде дека БиХ само во 2010 година загубила 350 милиони конвертибилни марки од царински давачки за увоз на кинески текстил. Според локални медиуми, рацијата била извршена во околу 40 објекти во Сараево, Тузла, Брчко, Бихаќ, Бијелина и други босански градови. Операцијата била по наредба на суд и во неа учествувале над 300 полицајци.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници