Повеќе од 100 цивили се убиени и над 200 ранети за време на воената операција на Киев на исток во државата, соопшти денеска рускиот истражен комитет.
Тие најавија истрага против гувернерот на Дњепропетровск, Игор Коломојски и министерот за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков. Меѓу убиените се двајца Руси и Италијанец, се вели во извештајот.
Од 12 април Аваков и Комојски организирале и раководеле воена операција на украинската армија, Националната гарда и вооружени припадници на ултрадесничарското движење Десен сектор како и со специјални сили на украинското МВР.
Комитетот верува дека зад киднапирањето на новинарите на Ѕвезда, Сушенков и Малишев стојат Аваков, Коломојски и други високи официјални личности. Ќе биде издаден и меѓународен налог за апсење на Аваков и Коломојски бидејќи се обвинети за „злосторства против мирот и безбедност на човештвото“. Повеќе од 500 станбени згради како и болници, градинки и школи се уништени поради што голем број луѓе биле приморани да ги напуштат своите домови и да побегнат во Русија, се вели во извештајот.