Порошенко предложи едностран прекин на огнот

Од:

Претседателот на Украина, Петро Порошенко предложи денеска едностран прекин на огнот на украинските сили со цел да им се овозможи на проруските сили во источниот дел на земјата да го положат оружјето или да си заминат од земјата.

Порошнко изјави дека тоа би било првиот чекор во рамки на мировниот план, кој го предложи со цел да се деескалира конфликтот.

– Планот ќе почне со моја наредба за унилатерален прекин на огнот, изјави Порошенко и додаде дека набргу потоа планот ќе добие поддршка од останатите учесници.

Предлогот е изнесен по телефонскиот разговор меѓу Порошенко и претседателот на Русија, Владимир Путин, во кој стана збор за прекинот на огнот.

Порошенко и предложи на Врховната рада да го назначи на функцијата министер за надворешни работи Павло Климкин, кој во моменто е амбасадор во Германија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми