Соединетите Американски Држави денеска одбележуваат 11 години од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември 2001-ва година, кога загинаа 2.977 луѓе.
Терористичките напади ги извршија припадници на Ал Каеда. Два киднапирани авиони удрија во зградите на Светскиот трговски центар во Њујорк, еден авион удри во Пентагон и еден падна во Пенсилванија.
Првиот киднапиран авион на Американ ерлајнс удри во северната кула во 8 часот и 46 минути. Малку подоцна во јужната кула удри авион на компанијата Јунајтед.
Од кулите близначки само дваесетина луѓе успеаја безбедно да ги напуштат зградите пред тие да се срушат.
Меѓу жртвите на 11-ти септември имаше и 372 странци.