ВИДЕО: Двaјца руски новинари загинаа во Луганск

Од:

Двајца новинари на руската државна телевизија ВГТРК, загинаа вчера кај Луганск на исток на Украина.

Новинарот Игор Комељук (37) кој беше тешко повреден од минофрлачки оган кај приградаската населба Мими кај Луганск, им подлегна на повредите во болница, наведуваат руските агенции повикувајќи се на изјавите на главниот лекар од Првата регионална болница во Луганск, Фјодор Сољаник.

На местото на настанот загина и тонскиот техничар Антон Волошин кој беше со екипата на Комељук.

-Остатоци од телото на Волошин, беа на местото на минофрлачкиот напад, се наведува во соопштението.

Третиот член на екипата, камерманот Виктор Денисов го преживеа гранатирањето.

-Имав среќа . Една од гранатите го погоди местото каде што беа моите колеги. Успеав да ја напуштам областа – вели Денисов.

Медведев: Виновна е украинската власт

Рускиот премиер, Дмитриј Медведев на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека за смртта на рускиот новинар Игор Комељук се виновни оние, кои себеси се нарекуваат украинска власт.

medvedevМосква бара од Киев спроведување на независна истрага по повод загинувањето на рускиот новинар Комељук, соопшти руското министерство за надворешни работи.

-Бараме од украинските власти да спроведат објективна истрага во врска со оваа трагедија и на адекватен начин да ги казнат одговорните.

– Очекуваме од светските медиуми, одлучно и објективно да ги осудат секојдневните злосторства на украинската војска – стои во соопштението, во кое се додава дека смртта на Комељукс уште еднаш убедливо покажува дека се работи за криминална структура на сили кои започнаа казнена операција на исток на Украина.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми