Силна експолозија се случи денеска на гасоводот во Украина, преку кој рускиот гас се доставува на европските клиенити, а украинското Министерство за енергетика наведува дека постои можност да се работи за „терористички напад“.
-Разгледуваме повеќе можности, вклучувајќи ја и главната, тероризмот-соопшти вршителот на должност, министер за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков.
Гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород е оштетен во Полтавската област, но за среќа никој не е повреден во инцидентот.
-Ова не е прв обид за теорористички напад на украинскиот систем за транспорт на гас-стои во соопштението од украинското минитерство, во кое се потенцираат двете експолозии, кои што се случија во мај.
Е. Г.