Премиерите на Хрватска, на Словенија и на Австрија ќе се сретнат на Брдо кај Крањ

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ в петок ќе се сретне со словенечката премиерка во оставка Аленка Братушек и австрискиот канцелар Вернер Фајман. Средбата ќе биде на Брдо кај Крањ, како дел од трилатералните средби со цел зајакнување на соработката во рамките на Европска унија.

Првата трилатерална средба одржана е во август 2013 година во Грац, а потоа уследија повеќе неформални билатерални состаници.

Средбата во Грац беше на иницијатива на Австрија по влезот на Хрватска во ЕУ, а разговорите беа посветени на солидарноста во рамките на Унијата, инвестициите и вработувањето.

Австрискиот канцелар Фајман пред мини балканската турнеја истакна дека средбите со државните претставници од регионот е да се промовира идејата на мирот по повод одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, а и ќе се разгледува помошта за настраданите подрачја во поплавите и ќе се даде поддршка на политичките реформи во земјите на југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ