„PayPal“ влезе и во Македонија

Од:

Интернет корисниците од денеска ќе можат да купуваат преку интернет сервисот „PayPal“. Познатиот сервис на својата официјална веб – страница објави дека од вчера функционира во 10 нови држави, меѓу кои е и Македонија.

На почеток, „PayPal“ ја нуди само услугата за праќање пари, со која потрошувачите можат да платат за производите и услугите на интернет – продавници кои имаат опција за плаќање преку „PayPal“ и кои ги штитат нивните финансиски детали. Оваа услуга е бесплатна за потрошувачите, а трошоците се покриени преку претплатата за „PayPal“ на интернет-трговците. Компанијата, која е во сопственост на „Ebay“, сe уште не нуди услуга за трансакции од еден кон друг корисник. Исто така, сe уште не им дозволува на локалните онлајн-трговци во Македонија и другите девет земји да наплаќаат преку „PayPal“, ниту нуди какви било видови банкарски услуги.

paypal200marketiu

„PayPal“ е во период на преродување и освежување на многу услуги за да бидат полесни за користење на мобилен телефон, со што ќе се овозможи проширување во брзорастечки пазари – вели директорот на „PayPal“ Руперт Килеј за весникот „Ројтерс“.

Покрај Македонија, во групата на држави кои беа додадени на списокот се Белорусија, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Молдавија, Монако, Црна Гора, Нигерија, Парагвај и Зимбабве.

Според податоците, познатиот сервис има преку 148 корисници во светот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница