Вооружени проруски сепаратисти денеска ја зазедоа зградата на Централната банка во Доњецк, на исток на Украина.
-Во тек е состанок на кој Централната банка и Министерството за финансии треба да се стават под контрола на Народна Република Доњецк-изјави за „Франс прес“ Александар Матичин, кој додаде дека парите од данок не треба да завршат во Киев, туку да останат во Доњецк.
Тој наведе и дека локалните безбедносни сили не само што не спречиле, туку и придонеле за заземање на Централната банка во Доњецк.
Судирите помеѓу проруските сили и украинската војска започнаа во март во регионите на Доњецк и Луганс на исток на Украина, а во нив до сега настрадаа 300 лица.
Е. Г.