Порошенко најави план за прекин на огнот во Украина

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска најави дека ќе понуди план за привремен прекин на огнот во источниот дел на Украина. 

– Се надевам дека тоа ќе се случи оваа недела, истакна Порошенко на сосотанокот на Украинскиот совет за национална безбедност и одбрана.

Тој истакна и дека ги задолжил владините сили во текот на неделата повторно да воспостават контрола над украинската граница со Русија.

– Кога украинските сили повторно ќе успеат да воспостават контрола над границата, треба да се разгледа воведување на привремен прекин на огнот, како и да се вложат напори наопходни за постигнување на мировен план, посочи Порошенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми