Новинари на руска телевизија повторно задржани во Украина

Од:

Двајца новинари од руската телевизија „Ѕвезда“ се задржани во југоисточна Украина, што е втор таков инцидент, во кој се вклучена оваа руска телевизија.

Раководството на телевизијата успеа да воспостави контакт со Јевгениј Давидов и Никита Конашенко, кои украинските сили за безнедност ги задржале на граничниот пункт во Покровској, по што се префрлени во Днепропетровск, јави ИТАР-ТАСС.

Од телевизијата упатија апел до украинскиот претседател Петро Порошенко за ослободување на новинарите.

На 6 јуни новинарите од „Ѕвезда“, Андреј Сушенов и Антон Малипев, кои пристигнаа во Украина за да известуваат за инаугуарацијата на Порошенко беа задржани, а потоа ослободени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми