Болотов: За еден ден пред Луганск убиени околу сто луѓе

Од:

Во населбата Счастје, кај Луганск околу сто лица загинаа во изминатите 24 часа, изјави денеска претседателот на Луганската Народна Република, Валериј Болотов, јави Танјуг.

Тој истакна дека украинските војници, откако ја презеле контролата врз населението почнале да пукаат кон цивилите, од кои повеќето мажи.

Болотов нагласи дека украинската армија се обидува да ги отсече силите за самоодбрана од границата со Русија.

– Киевската хунта го стега обрачот околу Луганската Народна Република. Агресорот се обидува да не отсече од границата, рече Болотов.

Тој додаде дека тоа ќе создаде проблем при евакуацијата на бегалците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми