(ВИДЕО) Милчо Вељаноски: Македонија е општество кое инспирира за сатира

Од:

Сатирата во Македонија е доведена во тој стадиум што критиката се сфаќа дека е политизирана од одреден центар на моќ, кој креира некои идеи.

Оваа теза ја негира Милчо Велјаноски, правник по професија, кој во јавноста е познат по неговите сатирични фотомонтажи кои го објавува на социјалната мрежа Фејсбук.


– Тоа не е точно, бидејќи и самите партии кај нас се дефицитарни со идеи, во однос на законите бидејќи добро го познавам правото. Ако не си доволно креативен да создадеш некој закон, не можеш да создадеш ниту квалитетна сатира. Има ситуации кога правам нешто провладино и ми стигнуваат закани, но и кога направиш нешто контра опозициски се случува исто – вели Велјаноски.

Тој пред публиката во салата „Империјал“ во Македонската опера и балет, каде се одржува „ENGAGE“ конференцијата ги претстави неговите најдобри фотомонтажи, во кои се исмејуваат македонските политичари и состојбите кои се случуваат во општеството.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна