Демонстранти насилно го симнаа знамето од руската Амбасада во Киев. Во моментот додека траат демонстрациите тие оштетија и дипломатски автомобили и фрлаат со камења и јајца врз објектот, јавуваат украински медиуми.
Демонстрациите беа свикани по соборувањето на украински воен авион над Лугањск кога загинаа 49 луѓе.