Четириесет и девет украински војници загинаа откако изминатата ноќ проруските сили урнаа воен транспортен авион Ил-76 кој требаше да слета на аеродромот во Луганск во источна Украина, јави Ројтерс.
Претходно агенцијата Укринформ го пренесе соопштенито на Министерството за одбрана на Украина дека при слетување на аеродромот во Луганск, терористите расипано и подло со стрелба од противавионско оружје од голем калибар го погодиле воениот транспортен авион кој превезувал војска, техника, опрема и прехранбени производи.
Канцеларијара на главниот јавен обвинител на Украина потврди дека при слетувањето на големиот воен авион погинале 49 луѓе. Во авионот Илјушин-76 кој беше соборен, се наоѓале девет членови на екипажот и 40 војници, прецизираше канцларијата на својата веб страна, и најави дека е покрената кривична истрага врз основа на законот за борbа против тероризмот.