Додик: Наша задача е осамостојување на РС

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека единствен начин Србите во Босна и Херцеговина да го зачуваат својот национален идентитет е и натаму да ја зајакнуваат автономијата на тој ентитет се до целосното осамостојување.

– Оваа БиХ, која се одржува со сила од меѓународната заедница не е можна, е нефункционална и е трагикомична држава и препрека за нормален и подобар живот за сите нејзини граѓани. Затоа борбата за самостојност на РС е наша најважна задача, изјави тој во интервју за „Вечерње новости“.

Додик оцени дека БиХ не исполнила ниту еден европски услов оваа година, а оти нејзината администрација годишно троши повеќе од милијарда марки, додека граѓаните од неа немаат никаква корист.

– На сцена е исламизацијата на државата. Бошњачките политичари и странците упорно заговараат унитаризација на земјата и одржување на илузија за државата БиХ. Зошто Србите да останат во таква земја, рече Додик.

Претседателот на РС додаде дека е логично босанските ентитети да се одвојат по 20 години „нефункционалност“ и да создадат конфедерација на три држави, кои ќе бидат отворени за Европската унија.

Тој призна дека во моментов не постои меѓународна поддршка за осамостојување на РС, но нагласи дека тоа не значи дека РС мора да молчи.

– Примерот на Косово говори многу. Можно е светот да го промени ставот и за БиХ, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници