Катрин Денев доаѓа во Македонија – Битола домаќин на француската актерка

Од:

Фестивалот на филмска камера “Браќа Манаки” ќе биде домаќин на светски познатата француска актерка Катрин Денев.

Сексепилната актерка ќе биде ексклузивен гостин на годинашното 33. издание на фестивалот од 15 до 21 септември кој секоја година се одржува традиционално во Центарот за култура во Битола.

Актерката која е родум од француската престолнина Париз, ќе ја добие специјалната награда “Златна камера 300”. Наградата на легендата на светскиот филм ќе и биде доделена на отворањето на фестивалот.

Денев родена на 22 октомври 1943 година, е наградена со престижната награда Цезар. Зад себе има 114 филмски улоги, а својата слава ја стекна глумејќи ги “ледените убавици“ во филмовите на Луис Буњуел и Роман Полански.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје