Народна банка објави тендер за печатење на 15.000 парчиња банкноти од по петстотини денари.
Проценетата вредност на тендерот без вклучен ДДВ изнесува 36.864.406 денари или приближно 600.000 евра.
„Ако се печатат за замена на старите банкноти поради квалитетот и сигурноста, тогаш овој потег е оправдан. Се подига сигурноста а со тоа и квалитетот на банкнотите кои се во оптек во економијата.Но мора да се земе предвид дека ова е тендерска влада која ги држи конците преку делење тендери,едноставно така функционира оваа власт. Преку примери гледаме како се делат тендери во градежништвото по општините во сите сфери. Овој сектор со печатење пари беше малку запоставен па сега конечно и тој дојде на ред“, изјави за А1он Висар Адеми економски аналитичар.
Адеми посочи дека свежи пари или оние кои ќе се испечатат е многу тешко да се впуштат во економија.
Иако А1он проба да стапи во контакт со Народна банка, лицето посочено за контакт не се јавуваше на телефон.
Според експертите кои ги контактираше А1он најверојатно станува збор за заменување на банкнотите, но акцент треба да се стави за тоа кој ги добива тендерите.