Владата на самопрогласената луганска народна република во Украина планира да формира сојузна држава со Русија, со единствен политички и економски простор.
Властите на самопрогласената република планираат до крајот на 2015 година да го национализираат имотот на Украина, како и фирмите во сопственост на украинските тајкуни. Во програмата се наведени и плановите за влез во Царинската унија и Евроазискиот сојуз, како и за паралелното користење на гринвите и рубљите.
Луганските власти се подготвени да „им дозволат на своите граѓани да добијат државјанство од Русија“ и да им помогнат во процесот за добивање на пасош.