Еден човек загина и еден е ранет откако во Доњецк беше разнесено возилото на Денис Пушилин, шеф на самопрогласената Народна Република Доњецк.
Во момент на детонацијата, во автомобилот имало три лица. Пушилин во тоа време бил во Москва и наведува дека не го користел возилото во претходните два дена.
Експлозијата се сллучила на 100 метри од седиштето на администрацијата на регионот Доњецк.
Засега не е познато кој го извршил нападот. На 7 јуни непознати лица го убија Максим Петрукин, близок соработник на Пушилинов и пратеник во локалниот парламент.