Курц: Понатамошната стагнација во БиХ е опасна за регионот

Од:

Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц денеска изјави дека Босна и Херцеговина не смее понатаму да стагнира, бидејќи тоа ќе има негативни последици за целиот регион и за Европската унија.

Тој за време на дискусијата за состојбата во БиХ во австриското Министерство за надворешни работи, истакна дека „невладиниот сектор може да смета на целосна поддршка во зголемување на поддршката во зголемувањето на притисокот врз политичарите кои за жал се уште се премалку оринтирани на интересите на заедничката држава“

Курц посочи дека во споредба со другите држави од Западен Балкан, кои делумно имаат добар напредок на патот кон ЕУ, БиХ се уште заостанува.

– БиХ не треба и понатаму да стагнира – тоа има негативни последици по целиот регион и ЕУ. Сакаме заедно со локалните поолитичари, невладиниот сектор и меѓународната заедница да ја водиме земјата побрзо во правец на Европа, наведе Курц.

Во дискусијата, организирана од виенскиот „Болцман институт за човекови права“, учествуваа претставници на невладините организации од цела БиХ, како и специјалниот претсатвник на ЕУ за БиХ, Петер Соренсен.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници