Коке: Атлетико е мојата иднина

Од:

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Коке, рекол дека својата иднина ја гледа во редовите на шпанскиот првак, иако за неговите услуги се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Барселона и Челзи, пренесе Макфакс.

„Мојата иднина е поврзана со Атлетико. Среќен сум тука, имам важечки договор, не размислувам да заминам од клубот“, рекол Коке.

Договорот на шпанскиот репрезентативец истекува во 2018 година, тој минатата сезона одигра 57 натпревари и постигна седум голови.

Коке истакнал дека во моментов единствено е фокусиран на своите настапи за шпанската селекција, која на Мундијалот во Бразил ќе ја брани титулата.

„Сонот ми е да ја одбраниме титулата, колкава минутажа ќе имам зависи од селекторот. Дојдов во репрезентацијата за да учам од играчи какви што се Чави и Иниеста“, дополнил Коке.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ