Самопрогласената народна република Луганск испрати барање до Русија и до уште 14 земји за признавање на нејзината независност.
Врховниот совет на оваа самопрогласена република, градскиот одбор и одборите на дистриктот бараат признавање на „народна република Луганск“ како суверена и независна држава, се наведува во барањето.
Во Луганск на 11 мај е одржан референдум за независност, на кој големо мнозинство ја поддржа независноста на Луганската област.