Екстремните вселенски услови, вакуумот, сончевото зрачење и превисоките променливи температури од -237 до 149 степени Целзиусови може да ги поднесе само едно суштество на земјината планета – безрбетник „водена мечка“. Неговото тело е покриено со обвивка поделена во четири сегменти, има осум нозе со канџи на врвот.
Почнувајќи од 2007 година, овие суштества со должина од 0,5 до 1,5 мм се испраќаат до вселенската станица, заедно со други т.н. „екстремофили“ или суштества способни да ги преживеат во екстремни услови. Но, заклучокот е дека само необичните „мечиња“ преживуваат благодарение на способноста реверзибилно да го забават својот метаболизам и да останат во дехидрирана состојба, позната како криптобиоза.
Доколку нема нормални услови за живот, метаболизмот на водените мечки забавува до помалку од 0. 01 % од нормалното и останува во таа положба се додека условите не се подобрат.
Поради нивната моќ за преживување тие се многу распространети. Познати се околу 1. 150 видови кои живеат буквално насекаде, од Хималаите (над 6.000 метри надморска височина) до морските длабочини (над 3.000 метри), од половите до екваторот.