Во операцијата на украинската војска во областите Доњецк и Луганск во источниот дел на земјата загинаа 270 лица, а ранети се 713, соопшти денеска украинското Министерство за здравство.
Од почетокот на судирите 225 лица загинаа во Доњецката област, а 45 во Луганск.
Украинскиот министер за здравство Олег Муси претходно изјави дека десетина медицински установи во овие две области или работат само делумно или воопшто не работат.
Украинската армија синоќа продолжи да го гранатира градот Славјанс, изјави претставник на милицијата на самопрогласената Доњецка Народна Репубпика.