Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска изјави дека Турција ќе возврати ако тоа биде потребно и ако биде повреден некој од нејзините државјани и дипломати, кои се задржани како заложници од исламистичките борци во северниот ирачки град Мосул.
– Во моментов сме ангажирани со надминување на кризата на мирен начин, имајќи ја предвид безбедноста на нашите граѓани. Тоа не треба погрешно да се разбере. При предизвикување на каква и да било штета за нашите граѓани, ќе биде возвратено со најтешки мерки, рече Давутоглу.
Турското Министерство за надворешни работи потврди дека вкупниот број на турски државјани, кои се киднапирани од исламистите во двата различни напади во Мосул во полседниве два дена, изнесува 80 лица.