Повеќе од 20 луѓе, осомничени за членство во меѓународна група за шверц со дрога, се уапсени денеска во полициска акција во БиХ, организирана од Службата за борба против организиран криминал и корупција на Република Српска.
Обвинителството на БиХ соопшти дека уапсените лица во последните шест месеци редовно пренесувале дрога од Црна Гора кон Бих и Хрватска.
Според досега собраните докази, тие пренеле над 100 килограми сканк и големо количество на цигари.
Извршени се претреси во повеќе населени места во Босна и Херцеговина, а во операцијата учествувале и хеликоптери од Република Српска. Одземени се 130 килограми марихуана и различни докази за шверц со дрога.
Истовремено, биле извршени претреси и на територијата на Црна Гора и Хрватска, каде се трага по околу 10 осомничени од групата.