Македонските војници успешно го одбранија главниот штаб на борбените групи на ЕУ

Од:

„Македонските војници херојски и со највисоки оценки за делувањето ја одбранија касарната на борбената група на Европската унија од разулавените демонстранти кои не бираа средства истата да ја освојат“.

Ова е заклучокот од вчерашната воена вежба на ЕУ-БГ 2014-2 групата, која предводена од Белгија ја сочинуваат претставници на армиите на Македонија, Германија, Холандија, Луксембург и Шпанија, веќе десетти ден се одржува на воениот полигон во малото белгиско градче Сен Хубер, јавува дописникот на МИА од Кралството Белгија.

Импровизираната вежба за справување со демонстранти кои сакаат да ја истераат борбената група на ЕУ од својата земја мина во жестока пресметка на македонските војници, кои ги има вкупно 134 на број и нивна главна задача е обезбедување на истурената команда на ЕУБГ 2014-2, штабните офицери и националниот елемент за поддршка.

Маскираните белгиски војници, кои беа лесно вооружени со дрвја, камења, јајца, брашно, шишиња со вода, ја тестираа подготвеноста на претставниците на Армијата на Република Македонија до крајни граници, што резултираше дури и со тројца полесно повредени македонски војници.

Оваа вежба имаше за цел целосна сертификација на пакетот на сили, овозможување заедничка здружена и комбинирана обука на елементите од борбената група и постигнување синергија на сите учесници во рамки на концептот на употреба на борбената група, а согласно политиките на Европската унија. Токму затоа, највисоката оценка дадена на крајот на вежбата која всушност наликуваше на мала војна, доволно ја отсликува битката што заврши со успешна заштита од напад на импровизираната истурена команда на европските трупи, кои во случај Европскиот совет да изгласа нивно активирање до крајот на оваа година, би можеле да делуваат во радиус од 6.000 километри од Брисел.

Сценариото на вежбата беше дека меѓу над 200 лесно вооружените демонстранти има и две лица кои се бараат со меѓународна потерница. Откако преговарачите не успеаја да спречат инцидент и мирно да договорат решение на проблемот, демонстрантите нападнаа, а македонските војници мораа на крајот со сила да ги разбијат демонстрациите, кои кулминираа и со употреба на психичко заплашување со прелети на борбени авиони и хеликоптери и појава на тенкови и борбени коли.

Целата вежба се одвиваше и во присуство на бригадниот генерал Бранко Дракалски, воен претставник на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Борбената група на ЕУ е само еден од сеопфатните системи на европските политики за безбедност и одбрана. Нејзиното активирање е структуирано во рамки на опсежниот пристап кон справувањето со кризи во непосредното европско опкружување.

– Оваа борбена група ги опфаќа воените сили од Белгија, Холандија, Германија, Луксембург, Шпанија и Република Македонија, изјави потполковник Ѓоко Максимов, предводник на македонската група.

Инаку, штабот на ЕУ-БГ 2014-2 е елемент на оперативно ниво чија главна задача е да овозможи исполнување на воено-стратегиските цели на ЕУ, преку доделување на тактички задачи на потчинетите единици од нејзиниот состав, во доделен кризен регион. Во овој контекст, оваа група е активна во втората половина на оваа година и во случај Европскиот совет да донесе одлука за делување во кризен регион што е во радиус од шест илјади километри од Брисел (а, тоа ја вклучува на пример и Украина), тогаш во рок од најмногу 15 дена, оваа група од 2.700 војници би била активна во посочениот кризен регион.

Планирачкиот процес за оваа борбена група за втората половина на 2014 година се развива две години. Вежбата „Брз лав 14” во Сен Хубер е круна на шестмесечните активности за соодветни подготовки и исполнување на предвидените стандарди за упатување на овој елемент во евентуален кризен регион.

Претходните штабни активности и вежби како „Соседни низини 13” и „Активен лав 14”, имале за цел активирање и синхронизација на персоналот од штабот и единиците на борбената група.

– Учеството на Армијата на Република Македонија во оваа борбена група на Европската унија за втората половина од оваа година е продолжување на патот кон систематска одржливост на виталните интереси на нашата држава, а тоа е интеграцијата во евро-атлантските безбедносни структури, односно да станеме дел од архитектурата за безбедност на Унијата. Способноста за рамноправен придонес, како на штабните елементи, така и на борбените капацитети на контингентот на АРМ во ЕУ-БГ, уште еднаш ја покажува нашата интероперативност не само во рамки на концептот на оперативната способност на НАТО, туку и во европски рамки, додава потполковник Максимов.

Сместени во мали шатори на полјана во дел од огромниот полигон во Сен Хубер, македонските војници ја немаат удобноста на германските, кои се сместени во хотели, но затоа важат за најхрабри и всушност една од нивните задачи е најсуптила – заштита на централниот главен штаб на борбената група. Од таа причина тектичко-оперативнио центар на АРМ во ЕУ-групата е сместен до главниот штаб, а овие македонски специјални сили, предводени од мајорот Оливер Данилоски, имаат задача обезбедување на штабот и заштита на силите.

Македонија, Македонци и македонски војници е единствено во употреба во ЕУ-групата, кога станува збор за условување на нашата земја и храбрите македонски војници.

– Се наоѓаме пред главниот штаб на борбената група на Европската унија во градот Сент Хубер и македонската група за заштита на силите го обезбедува овој главен штаб на борбената група на Унијата. Ние имаме многу добра соработка со македонските војници, што значи дека тие се инволвирано во нашето планирање и извршување на мисиите кои во моментов се одвиваат во вид на подготвително сценарио, рече Питер Томас, офицер за односи со јавност во Армијата на Кралството Белгија.

Иако не е дел од Европската унија, како и во случајот со учество во мисиите за мир на НАТО ширум светот, Македонија успешно покажува дека рамо до рамо со европските сили учествува и во обезбедувањето намирот во европскиот континент.

Оваа борбена група е активна до крајот на оваа година, а највисоките оценки за претставниците на македонската Армија, на големата вежба во Белгија, што започна на 2 јуни, а завршува во текот на утрешниот ден, покажува дека АРМ е една од најреспектабилните и високо-почитувани армии во Европа и светот.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната