По успешната промоција на книгата собрани драми од Срѓан Јаниќијевиќ „Купидона и други драми“ во МНТ Скопје, Блесок ќе ја претстави книгата и во рамките на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Промоцијата ќе се одржи во Домот на културата утре (11 јуни), во 12 часот. Деновиве во издание на Блесок од Скопје, во рамките на престижната едиција за драмски текстови „Гестус“ излезе од печат книгата со собрани драми од Срѓан Јаниќијевиќ „Купидона и други драми“.
Петте драми објавени во книгата се напишани и изведени во периодот 2005-2013. Веднаш по промоцијата, книгата ќе биде објавена и во електронски формат. Книгата „Купидона и други драми“ од Срѓан Јаниќијевиќ е објавена во рамките на престижната едиција за драмски текстови „Гестус“; оваа книга, како и претходните две, од Слободан Шнајдер и Биљана Србљановиќ, ја приреди проф. д-р. Јелена Лужина. Освен во печатен, книгата е објавена и во електронски формат и е достапна за преземање од е-книжарницата на Блесок.