Анкета: Обама со четири проценти пред Ромни

Од:

Американскиот претседател Барак Обама има предност пред републиканскиот противкандидат за претседателската функција Мит Ромни. Новото истражување на јавното мислење, објавено во неделата, покажува дека 47 отсто од граѓаните би го поддржале Обама, додека 43 проценти ќе гласаат за Ромни на изборите на 6 ноември.

Анкетата покажува дека Ромни е популарен меѓу регистрираните независни гласачи. Триесет и пет проценти од нив би гласале за него, наспроти 31 отсто за Обама. На прашањето кој од двајцата кандидати подобро ќе ги заштити американските работни места, 32 отсто од испитаниците одговориле Обама, додека 27 проценти се изјасниле за Ромни.

Минатиот месец Барак Обама собрал нови 114 милиони долари донации за својата кампања, соопшти неговиот изборен штаб. Повеќе од 1,1 милион Американци, од кои 317.000 нови донатори, одвоиле просечно по 58 долари за кампањата на Обама. Ромни, пак, во август собрал донации од 111 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Божиќен хаос во САД: „Американ ерлајнс“ денеска ги приземји сите свои авиони

Бил Клинтон ја напушти болницата со дијагноза на грип

Горан Наумовски

Трамп сака да ги заштити Американците од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“

Горан Наумовски

Пијан возач влетал во трговски центар во САД и повредил пет лица

Стигна предупредување за Трамп: Иран може да направи нуклеарна бомба

Горан Наумовски

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он