Американскиот претседател Барак Обама за време на својата кампања „намина“ во локалната пицерија „ Big Apple“ каде што го пречека нејзиниот сопственик Скот Ван Дузер.
Сопственикот дознал за посетата на американскиот претседател само 40 минути претходно, па веднаш побрзал да среди се како што треба.
Честа да биде домаќин на Обама ја имал заради својата добра работа, но и заради својата хуманост, затоа што многупати бил организатор на крводарителски акции.
Она што изненадува од средбата е што тој си зеде слобода и покрај загриженоста на телохранителите да го крене претседателот во своите раце за да ја покаже силата на своите бицепси.
Обама ја преживеа оваа пријателска прегратка, љубоморен на мускулите на Скот.
Всушност и самиот си бараше, прашувајќи го:
„Ако јас јадам од твоите пици, ќе имам ли вакви мускули?“
Скот изјави за новинарите дека за Обама гласал во 2008 година и сега пак ќе гласа за него, бидејќи својот глас го дава на оној со кој најдобро се чувствува.